Русија ги приземјува сите авиони Ан-148

од desk2

Руското Министерство за сообраќај ги откажа летовите на сите авиони Ан-148 на руските авиокомпании, соопшти ресорниот министер Виктор Басаргин.


Министерството, исто така, ги откажа сите летови на компанијата „Саратов Ерлајнс“ до 27 април.

– Имаме конечни резултати од извршената проверка. Постојат забелешки на персоналот и производителите. Првата одредба од нашите налози е да се запрат летовите на сите авиони кои ги користи авиокомпанијата „Саратов Ерлајнс“, нагласи Басаргин.

Според него, руското Министерство за сообраќај ќе одлучи за натамошните чекори, откако ќе се тестираат и проверат пилотите на компанијата.

Авионот Ан-148 на „Саратов Ерлајнс“, кој сообраќаше на релација Москва – Орск, се урна во неделата неколку минути по полетувањето од аеродромот „Домодедово“. Во авионот се наоѓаа 65 патници и шест членови на екипажот и сите загинаа.

Слични содржини