Русија ги разгледува барањата на Ирак за испорака на воена опрема

од Vladimir Zorba

 

Русија ги разгледува барањата на Ирак за нова испорака на воена опрема за своите вооружени сили, изјави денеска заменик директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка, Алексеј Фролкин.

– Барањата на Ирак, кои се во интерес на националните вооружени сили, се во фаза на разгледување, истакна Фролкин за време на изложбата IDEX-2017 во Обединетите Арапски Емирати.

Тој нагласи дека руско-ирачката воено техничка соработка „се развива многу ефикасно“. Минатото лето Русија му испорачала на Ирак нова серија на воени хеликоптери Ми-28НЕ/МИА

Слични содржини