Русија и Белорусија во огромен спор за 300 милиони долари

од Vladimir Zorba

Русија инсистира Белорусија целосно да го плати гасот што го доби минатата година, но засега нема напредок во преговорите.

Ова го изјави пред медиумите рускиот вицепремиер Аркадиј Дворкович, цитиран од агенциите.
Од почетокот на 2016 година Белорусија преговара со Русија за намалување на цените на гасните испораки. Минск сака да плаќа 73 долари за 1.000 кубни метри наместо 132. Бидејќи Белорусија платила 300 милиони долари помалку од долгот за испорачаниот гас, Русија го намалила за над една третина снабдувањето на бесцаринската нафта за земјата.

На крајот на минатата година Минск и плати на Русија авансно за гас и изрази надеж за обновување на нафтените резерви.

Тогаш сепак Дворкович изјави дека руската страна го вратила авансно плаќање и инсистира договорот за гас целосно да биде исполнет. Тој не ја исклучи можноста решавање на спорот да оди по судски ред.

Слични содржини