Русија и Кина бараат мораториум на севернокорејските ракетни и нуклеарни проби

од Vladimir Zorba

Русија и Кина и предлагаат на Северна Кореја да воведе мораториум на своите нуклеарни и ракетни проби, а истовремено САД и Јужна Кореја да се воздржат од масовни воени вежби.

Ова е наведено во заедничкото соопштение на министерствата за надворешни работи на Русија и Кина по средбата во Кремљ меѓу претседателите на двете земји, Владимир Путин и Си Џинпинг.

 Москва и Пекинг сметаат дека ако Пјонгјанг ги стопира  своите нуклеарни ракетни проби, додека Вашингтон и Сеул ги замрзнат воените вежби, земјите би можеле да седнат на преговори, на кои ќе ги договорат обврските за неупотреба на сила и воздржување од агресија.

Во соопштението на министерствата се инсистира САД итно да го запрат распоредувањето на противракетниот штит ТХААД во Јужна Кореја. Вашингон нагласува дека тој штит е неопходен заради севернокорејската ракетна закана.

Слични содржини