Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се бараше седумдневен прекин на огнот во сирискиот град Алепо.Алепо-415x260

Русија во СБ тврдеше дека со резолуцијата, на бунтовниците ќе им се овозможи да се прегрупираат и дека е потребно време за разговори меѓу Вашингтон и Москва.

Ова е шести пат од 2011 година Русија да вложи вето на резолуција на Советот за безбедност за Сирији, а петти пат Кина да блокира една таква акција, пренесуваат британските медиуми.

И Венецуела гласаше против резолуцијата, чиј нацрт го изработија Нов Зеланд, Египет и Шпанија, додека Ангола беше воздржана.

Останатите 11 држави членки на Советот за безбедност на ОН гласаа во корист на резолуцијата, наведуваат британските медиуми.

Слични содржини