Руската државна агенција за туризам “Ростуризам” препорача да се прекине продажбата на туристички пакети за Турција по инцидентот со соборениот руски воен авион Су-24, пренесе РИА “Новости”. Изјавата доаѓа по препораката на МНР на Русија кон граѓаните да не патуваат во Турција.

zx450y250_2525991

„Ние силно препорачуваме продажбата на туристички пакети за Турција да биде прекината “, соопшти претседателот на агенцијата Олег Сафонов. Тој додаде дека од” Ростуризам “веќе побарале информации од руските туроператори колку руски државјани се наоѓаат во моментов на територијата на Турција.

” Во моментов тие не се многу, но нивната безбедност е од огромно значење. Понатаму ќе анализираме какви ќе бидат загубите за туристичкиот сектор во Русија и Турција “, додаде Сафонов.   Од Министерството за финансии на Русија посочија дека имаат доволно резерви за да ги поддржат руските туристички агенции.

Непосредно пред препораката на руското МНР еден од четирите најголеми туроператори во Русија – “Натали турс” – соопшти дека ќе паузира со екскурзии до Турција.

“Внимателно ја следиме ситуацијата и разбираме дека таа може да се развие во крајно негативно сценарио. До разјаснување на околностите престануваме да нудиме туристички пакети за Турција “, соопшти директорот на Агенцијата Владимир Воробљов,

Запирање на летовите и до Турција ќе биде уште еден тежок удар за рускиот туристички бизнис за помалку од еден месец, изјави за “Интерфакс” Ирина Тиорина, портпарол на Рускиот сојуз на туристичката индустрија.

“Едноставно не можеме да го замислиме рускиот туристички пазар без Турција. За 13 години тоа е најпосетуваната дестинација за летување.Во 2014 година таму биле 3,3 милиони туристи, иако во првата половина на 2015 година има пад од 26% до 1,3 милиони. луѓе. Затворањето на оваа земја ќе биде најтешкиот удар по индустријата.

“Туроператори ќе ја запрат продажбата за турските летувалишта, едноставно затоа немаат друг избор “, додава таа. Шокот е силен, бидејќи Турција изгледаше како релативно прифатлива алтернатива по прекинот на летовите и паузите во Египет – пазар за околу 3 милиони руски државјани. Целосна замена на египетскиот пазар не може да има, бидејќи во зима работат само скапи и со пет ѕвездички турски хотели, коментира Тиорина.

“Сето останато е подалеку и поскапо. Дури во Еилат во Израел во Заливот на Акаба е поскапо. Тиорина коментира дека по нападот врз рускиот чартер авион и сегашната препорака на Москва туристичкиот сектор е во катастрофална состојба, бидејќи Русите едноставно губат желба да патуваат за одмор.

Слични содржини