Реагирајќи на апсењата на високи функционери во ФИФА во Швајцарија, руското Министерство за надворешни работи изјави дека САД треба да престанат со обидите да наметнуваат правда надвор од своите граници .

430x258

Москва очекува дека корупцискиот скандал нема да биде искористен за оцрнување на меѓународната фудбалска организација и одлуките кои ги презела .

“Без да навлегуваме во детали за обвиненијата, ние посветуваме внимание на фактот дека тоа е уште случај на нелегално екстериториална примена на законите на САД “, се истакнува во соопштението на портпаролот на руското Министерство за надворешни Александар Лукашевич.

“Уште еднаш ги повикуваме Вашингтон да ги запре обидите за реализирање на правдата со своите правни стандарди подалеку од своите граници и да следуваат  општо прифатените меѓународни правни процедури “, коментира уште Лукашевич.

Слични содржини