Министерството за транспорт на Русија ja демантира информациjaта дека рускиот патнички авион се урнал во Египет како резултат на тоа што бил соборен со анти-авионска ракета од терористи, пренесе РИА Новости.

Image_5084496_407

“Сега во различни медиуми се појавува информација дека рускиот патнички авион, кој летал од Шарм ел Шеик за Санкт Петербург, е соборен со анти-авионска ракета, истрелана од терористи. Оваа информација не може да се смета за веродостојна “, рече министерот за транспорт Максим Соколов.

Тој истакна дека Русија работи “во тесен контакт со египетските колеги, воздухопловните власти на земјата. И во моментот тие немаат никакви информации, што да потврдува слични околности “.

Слични содржини