Русија ја зајакнува авијацијата во Сирија за пречек на планот “Б” на САД

од desk3

Русија го зголемила бројот на авиогрупата во сириската база Хмејмим за сметка на пренесените дополнителни бомбардери Су-24 и Су-34, соопшти рускиот весник “Известија”. За прелети се подготвени и ловците Су-25 и ја очекуваат наредбата за пребазирање и можат да се најдат во Сирија за 2-3 дена.Авионите и пилотите веќе биле определени.Порастот на руската воздухопловна група се врши во позадината на заканите на Американците да активираат т.н. план “Б” за Сирија, кој претпоставува зголемување на авиоударите, дополнително пренесување на сили од специјалци и зголемување на испораките од оружје за “умерената опозиција”.

20160930-dfwklqridz

Употребата на Су-25 во Сирија ќе овозможи значително да се зголеми бројот на боиштата на руската авијација. Малку позната карактеристика е дека Су-25 не се користат како ловци, туку како бомбардери – ги фрлаат бомбите од голема височина, како Су-24 и Су-34. Во споредба сепак со нив Су-25 е едноставна и обична машина, полесно се подготвува за лет. Ако Су-34 може да изврши за деноноќие два лета, тогаш Су-25 може да направи 10. Притоа секоја машина има неколку пилота.Тоа овозможува да се нанесуваат удари постојано и да не се дава на терористите мирување.

Експертите го одредуваат Су-25 како работен коњ, кипер за бомби. Авионите поминале модернизација и се способни да нанесуваат прецизни удари. Автоматскиот систем за управување обезбедува нанесување на бомбашки удар по добиени координати од разузнавањето, а од пилотот се очекува единствено да го подигне авионот во воздух и да го изведе во реонот на целта.

Политиколози сметаат дека со порастот на групата во Сирија Москва демонстрира подготвеност за решителни мерки во случај ако процесот на преговори почне да се распаѓа.

Претседателот на Советот за надворешна и одбранбена политика Фјодор Лукјанов појаснил дека зголемувањето на силите може да биде одговор на реалниот неуспех на прекин на огнот.

“За жал мировните напори влегоа во ќор-сокак, а владините сили не се способни самостојно да ја постигнат промена во војната, па затоа ни се наметнува да се вратиме на степенот на интервенција, каква што беше до март оваа година” – констатирал политикологот.

Според Лукјанов, ударите на руската авијација се суштинска поддршка за сириската армија, сепак таа е изморена од долгата војна и излезот на битката за Алепо е тешко да се предвиди.

“За сега никој не може да ја одржи убедлива победа, а тоа значи дека порано или подоцна преговорите ќе бидат обновени, можно е да бидат по промената на администрација во Белата куќа – смета аналитичарот. – Засега секоја од борбените страни се стреми да задржи победа крај Алепо, за да го измени распоредот на силите во своја полза и да добие предност во идните преговори. “

Слични содржини