Русија ќе гради нов носач на авиони за 90 авиони и 4.000 членови на екипажот

од desk2

За проектирање и изградба ќе се потребни речиси 10 години.

Се повеќе се оформува концептот за изгледот носачот на авионот “Шчорм”, кој може да биде изграден не само за ВМФ на Русија, но и за други земји.

За него веќе е дефиниран изгледот и се објавени првите бројки. Тој е наменет за 90 авиони и 4.000 членови на екипажот, соопшти онлајн изданието rusvesna.su.

Државата се уште не дала почеток, а по светските норми за конкретните проектни работи, вклучувајќи развој на проектот, технички и работни карактеристики, се потребни не помалку од 3 години, а самата изградба на бродот ќе потрае не помалку од 6 години.

Сосема сигурно изградбата на “Шчорм” да биде доверена на “Севмаш” во Архангелск. Фабриката има најмногу и најголеми производствени капацитети и искусни работници и колосално искуство при модернизацијата на авионосачит “Викрамадит” за морнарицата на Индија.

Концептниот проект за носачот на авиони е ориентиран кон брод со околу 95 илјади тони, должина – 330 метри и ширина на летната палуба – 85 метри.

Тој ќе се потпира на авиони базирани Су-33 и Миг-29К, како и на хеликоптери Ка-27. Носачот на авиони ќе биде движен од органско гориво или мешовито – атомска и газ турбинна, со моќност 200 илјади КС

Брзината не бродот е меѓу 26 и30 јазли (48 – 55 км / час). Рок за експлоатација – 50 години, бидејќи “Шчорм” ќе биде првенствено повеќе наменски авионосачц, за разлика од тешкиот носач на авиони “Петар Велики”, чие главно оружје се леталата од бродската авиогрупа. Сите други системи на вооружување ќе бидат подредени на таа доминанта позиција, вклучувајќи средствата за самоодбрана.

Исклучено е распоредувањето на ударно ракетно оружје, како и средства за колективна ПВО и противо подморничка одбрана. На бродот се предвидени 4 места за стартување (патеки за полетување): две кратки и две долги.

Нивниот тип ќе биде трамповиден и мешан отскочен-катапултен. Тие ќе бидат употребени при различни бродски оптоварувања или при услови при повисока температура.

Слични содржини