Русија не сака да ги троши заработените пари од нафта

од Vladimir Zorba

Рускиот министер за финансии, Антон Силуанов најави дека постои можност, Русија оваа пролет да пласира еврообврзници во вредност од 3 милијарди долари.

Тој соопшти дека владата одлучила за буџетот да не се користат дополнитенлните приходи од нафтата, кои призлегоа како резултат на растатот на цената на овој енергенс, пишува новинската агенција Ројтерс.

Силуанов додаде дека таквата одлука ја поддржал и рускиот претседател, Владимир Путин.

-Доколку цената на нафтата остане на сегашното ниво, руската влада ќе биде во можност да избегне трошење пари од своите резерви во 2017 година, посочи министерот за финансии.

Слични содржини