Русија повторно ја блокира истрагата за напади со хемиско оружје во Сирија

од desk2

Русија вложи вето во само два дена за да ја блокира резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се овозможува продолжување на меѓународната истрага за нападите со хемиско оружје во Сирија, јави BBC.

Русија ја одби јапонската резолуција за продолжување на Заедничкиот механизам на истрага (JIM) за 30 дена, чиј мандат истече во петокот, а Западот го осуди потегот на Русија.

Ова е 11 пат како Москва го искористува правото на вето за да го поддржи својот сојузник Сирија од почетокот на конфликтот. Во четврток Русија го блокираше американското барање за продолжување на мадатот на JIM на уште една година.

JIM е воспоставен во 2015 година за да се утврди кој извел напади со хемиско оружје. Тоа воедно е единствена официјална мисија која се занимава со истрага за користење хемиско оружје во Сирија.

Москва остро ги критикува истражителите кои ја обвинија сириската влада за користење смртоносен нервен агенс во градот Кан Шеикон во април. Сириската влада ги отфрли тврдењата за користење хемиско оружје.

Сепак, во нападот на Кан Шеикон умреа повеќе од 80 луѓе, а потоа САД покренаа истрага за ракетните напади на сириската воздушна база.

Минатиот месец Советот за човекови права на ОН заклучи дека за нападот одговорен е авион на сириските воздушни сили. Со тоа отфрлени се тврдењата на Русија дека користено е конвенционално оружје кое погодило бунтовнички магацин на хемиско оружје.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад рече дека инцидентот во Кан Шеикон е измислица.

Слични содржини