Русија повторно ја надмина Саудиска Арабија во производството на нафта

од Vladimir Zorba

Русија во јуни повторно ја надмина Саудиска Арабија во производството на нафта, произведувајќи просечно 10.323 милиони барели дневно. Ова се податоците од заедничката нафтена иницијатива за статистика (JODI), цитирана од РИА Новости.

За 24 часа во јуни Саудиска Арабија произведе 10.070 милиони барели нафта. Русија, според податоците на организацијата, произведе за 0,47% повеќе нафта во споредба со мај, додека Саудиска Арабија за 1,92% го зголеми производството на црното злато во споредба со мај месец. Дневното производство на нафта во Русија изнесувало 10.275 милиони барели, а во Саудиска Арабија 9.880 милиони барели.

Слични содржини