Русија предупреди: Ќе останеме без летови за САД

од desk2

 

Русија и САД може да останат без директни авионски летови поради тешкотиите посадата на руски Аерофлот да добие американска виза, соопшти руското министерство за надворешни работи.

„Не можеме да ја исклучиме можноста дека нашите земји ќе останат без директни летови затоа што Аерофлот, кој е единствена компанија со директни летови меѓу Русија и САД, може да биде приморана да ги прекини затоа што посадата има големи потешкотии да добие американска виза“, се наведува од министерството.

Официјалниот период на чекање за виза кој Вашингтон го зголеми на 85 дена минатиот август е продолжен на 250 дена или осум месеци, што го прави аплицирањето за виза бесмислено.

Москва е изненадена што САД се обидува овие рестрикции во издавањето визи за руски државјани го оправдува со недостиг на конзуларен персонал и ја припишува вината на Русија.

Слични содржини