Прекинот на огнот кој стапи на сила во саботата во Сирија е прекршен девет пати во текот на последните 24 часа, објави руската армија, проценувајќи дека договорот за прекин на непријателствата глобално се почитува.

8CD316AE-BC38-430A-BF91-95CF259B8CE0_mw1024_s_n

„Во последните 24 часа забележани се девет случаи на кршење на прекинот на огонот“, истакна во соопштението генералот Сереј Кураленко, претставник на Рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија. „Меѓутоа, вкупно гледајќи, прекинот на огнот во Сирија се почитува“.

Според рускиот центар станува збор за артилериски оган од страна на Турција и обид за преминување на границата со Сирија на група од стотина вооружени лица од турска територија, кои дејствуваат заедно со екстремни исламистички групи кои ги напаѓаат позициите на сириските Курди во градот Тел Абајад, 83 километри североисточно до Рака, неформалната престолнина на џихадистичката Исламска држава.

Портпаролот на сириската опозициска група, кој не сакал да ја идентификува, за AFP изјавил дека прекинот на непријателствата владата во Дамаск и нејзините сојузници го прекршиле 15 пати во саботата, првиот ден од неговото стапување на сила.

„Прорежимските сили првиот ден од примирјето го прекршија 15 пати, од што двапати (либанското шиитско движење) Хезболах во Забадани“, западно од Дамаск, изјавил за новинарите портпаролот на Високиот комитет за преговори од саудиската престолнина Ријад, каде што е седиштето на ова тело во кое се собрани главните политички и вооружени сунитски сириски опозициски групи.

Слични содржини