Руски воени авиони ги бомбардираа најинтензивно провинциите Хомс и Алепо.Нападите беа на неколу часови пред да влезе во сила примирјето

Image_5329189_126
Русија нанесе голем број воздушни напади по бастиони на опозицијата во Сирија неколку часа пред да стапи во сила договорот за прекин на огнот, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, цитиран од BBC.

При ударите загинало осемчленно семејство со 3 деца во село во провинцијата Алепо.

Бомбардирањата започнале во текот на ноќта во четвртокот и продолжиле до утрото. “Тие биле поинтензивни од обично, особено во регионот Источна Гута, во близина на главниот град Дамаск, како и во северниот дел на провинцијата Хомс и во западниот дел на провинцијата Алепо”, рече директорот на Сирискиот центар Рами Абдел Рахман.

Во Источна Гута, еден од најважните бунтовнички бастиони под контрола на групата “Џаиш ал Ислам”, се извршени над 25 удари.

Москва ги негираше обвинувањата дека ја бомбардираше опозицијата, и најави дека нападите нејзини се насочени само против терористите. “Секако, руската авијација ја продолжува операцијата во Сирија. Таа ја поддржува армијата на режимот и се бори против “Исламска држава”, “Џебхат ан Нусра”, рече портпаролот на Кремљ. Дмитро Песков додаде дека Центарот за набљудување неколкупати извести за информации кои не биле потврдени.

Москва и Вашингтон поднесоа пред Советот за безбедност на ОН резолуција за поддршка на примирјето во Сирија, кое влегува во сила на полноќ на 27 февруари. Сириската опозиција и режимот на Башар Асад го потврдиле учеството во прекин на огнот. 100 опозициски фракции се согласија да го почитуваат примирјето, објави ББС. Во договорот не станува збор за запирање на нападите против “Исламска држава”, “Џебхат ан Нусра” и други екстремистички групи.

Претседателот на САД Барак Обама смета дека наредните денови ќе се критични за тоа дали ќе биде најден излез од воениот конфликт во блискоисточната земја. Тој додаде дека граѓанската војна во Сирија нема да запре додека Башар Асад е на власт, и истакна дека во овој поглед има сериозно несогласување помеѓу Вашингтон и Москва. Обама објави дека САД нема да ја запираат офанзивата против терористите.

“Ќе ја уништиме оваа варварска организација”, изјави Обама и додаде дека таа не е калифат, туку криминална организација.

Русија има сопствен план Х, кој ќе го активира, ако меѓународната коалиција на чело со САД ја користи за изговор борбата со “Даеш” и јаокупира Сирија, создавајќи владејачки структури, паралелно со оние на Дамаск. Тоа го тврдат вое-одипломатиски извори на весникот “Независимаја газета”.

Според нив сценариото во општи црти ќе изгледа вака: САД, пронашле потпора во Израел, ќе ги поддржуваат курдските автономни формации во Северна Сирија, со кои во моментов војниците на Башар Асад и воздухопловство на Русија здружуваат напори во борбата против муџахедините. Според воените извори ќе има можеби искуство да биде создаден сунитски државен субјект во реонот на нафтените полиња и во долината на Еуфрат, контролирани сега од џихадисти. САД повеќе пати изјавиле дека планираат заземање на градоѕ Ракка, но засега стојат на рускиот предлог да не почнуваат копнена операција. Но сè може многу брзо да се промени, ако САД и нивните сојузници минат кон својот план Б за делба на Сирија, пишува руското издание.

Меѓународните преговори за решавање на сириската криза може да бидат обновени на 7 март, соопшти Ројтерс.

Во меѓувреме 4 ловци Ф-15 на Саудиска Арабија пристигнале во турската воздухопловна база “Инџирлик”, соопштија турски медиуми. Пристигнал и саудиски транспортен авион Ц-130, кој доставил војници и воен товар.

Слични содржини