Руските власти денеска соопштија дека нивните сили ликвидирале сириски бунтовнички групи, кои дејствуваат во областа каде што беше соборен рускиот авион Су-24, по што следеле жестоки воздушни напади.

_85910801_035b310c-d77f-4edc-8ca9-572474ebfb44

– Штом нашиот пилот беше безбеден, руски бомбардери и артилерија на сириските сили извршија жестоки напади во областа, изјави воениот претставник Игор Конашенков.

Тој нагласи дека „терористите кои дејствуваат во таа област и други мистериозни груби се уништени“

Конашенков додаде дека руски авиони во последните три дена извршиле 134 борбени летови и нападнале речиси 450 позиции во осум сириски провинции.

Слични содржини