Руската компанија била на црната листа: Авионот со години го чувале во хангар

од desk2

Само неколку минути после полетувањето, се сруши авион недалеку од Москва пред два ден, а во несреќата загинаа 65 патници и шест членови на екипажот.

Како што пренесува руската новинска агенција „ТАСС“, причина за несреќата може да бидат лошите временски услови, човечка грешка или техничка грешка. Сепак, како што пренесуваат руските медиуми, во тоа време во московскиот регион немало лоши временски услови.

Компанијата „Саратов Ерлајнс“ чиј што авион се сруши, во 2015-та година се нашла на црната листа со авио-превозници кои што немале дозвола за меѓународни летови, а познато е дека авионите на оваа компанија не смееле да летаат во Црна Гора, Украина и Азербејџан.


На летот за Ангалија на 19-ти јули 2015-та година, ненајавената инспекција на Руската федерална авио-транспортна агенција, во кокпитот на авионот затекнала луѓе кои што „не смееле да бидат таму“.

Тогаш компанијата санкционирала голем број на луѓе и вовела дополнителни правила кои што се однесуваат на безбедноста со цел да не бидат повторени истите грешки, а забраната за меѓународни летови била укината идната година. Инаку, оваа авиокомпанија не е многу позната надвор од границите на Русија, а според последните статистички податоци, таа не се наоѓа ниту меѓу првите 10 руски авиокомпании.

Компанијата била основана во 1931-ва година под името „Саравиа“ како дел од „Аерофлот“ и под тоа име работела се до 2013-та година. Авионот кој што се срушил бил реалтивно нов, произведен во 2010-та година од украинската компанија „Антонов“ и имал капацитет од 85 патници.


Од 2015-та година кога го превзела компанијата „Саратов Ерлајнс“, до 2017-та година, авионот најголемиот дел од времето стоел во хангар поради недостаток на резервни делови.

После падот на авионот, од компанијата „Саратов Ерлајнс“ соопштија дека ги приземјуваат сите нивни авиони „Антонов-148“, откривајќи дека во флотата авиокомпанијата има шест такви авиони. Покрај тоа, било соопштено дека авионот бил добро одржуван и дека во јануари ги минал сите контроли на моторите, каросеријата и крилата, при што не бил откриен никаков недостаток.

Слични содржини