Руската противвоздушна одбрана соборила „мали воздушни цели“ во Сирија

од desk4

  Руската противоздушна одбрана во базата Хмејмим во Сирија соборила неколку мали воздушни цели со непознато потекло, соопшти портпаролот на базата, додавајќи дека нема повредени ниту материјална штета.

– Доцна попладне на 24 април контролата на воздушниот простор на руската база  Хмејмим регистрира мали воздушни цели со непознато потекло во близина на аеродромот. Сите цели се соборени со системите за противвоздушна одбрана во базата, рече портпаролот на базата.

Тој додаде дека нема повредени, ниту дека е причинета материјална штета.

– Руската воздушна база Хмејмим работи вообичаено, додаде рускиот функционер.

Слични содржини