Руската санитарна агенција ги повика туристите да се вакцинираат против хепатитис поради геј фестивалите во ЕУ

од desk3

Руската санитарна агенција “Роспотребнадзор” ги повика руските граѓани кои планираат наскоро да ја посетат Европа, да се вакцинираат против хепатит А. Од Министерството, предупредуваат за бум на оваа болест истовремено во 15 земји на Стариот континент.При тоа, носителите на вирусот најчесто се приврзаници на истополовите врски. “Според податоците на органите за здравство на Португалија во периодот од 1 јануари до 11 јуни 2017 година биле регистрирани 3276 случаи на хепатит А, од кои 91% се мажи, практичари на секс со други мажи”, предупредија од надзорниот одбор. Предупредувањето исто беше упатено и во врска со тоа дека во Европа наскоро ќе се одржат неколку ЛГБТ фестивали, најголемиот ќе се одржи утре 23 јуни, во Мадрид. Се очекува дека на манифестацијата ќе учествуваат до два милиони луѓе од целиот свет. Хепатитис А е акутна заразна болест на црниот дроб предизвикана од вирус. Болеста се пренесува преку заразена храна и вода, но и по полов пат, при што во ризичните групи, како по правило, влегуваат претставниците на нетрадиционални сексуални ориентации.

Слични содржини