Руски министер: Сега сме како САД во осумдесеттите

од desk2

Министерот за економски развој на Русија, Максим Орешкин, ја спореди сегашната ситуација во економијата во Русија со точката на развој на американската економија во текот на 80-тите.


Орешкит ја спореди тековната состојба на руската економија со онаа на американската од првата половина на 80-тите години, кога САД имаше ниска и стабилна инфлација, што отвори пат за позитивен кредитен циклус од 27 години.
Според него, економијата во земјата е стабилна, инфлацијата 3,3 отсто, а се очекува во следните три години растот да биде над два отсто.

„ВКупниот долг на економијата е прилично низок и може да се очекува долготраен кредитен циклус. Овде задача на Владата и на Централната банка е да делуваат така кредитниот циклус да биде позитивен за економскиот раст. Тоа значи повеќе концентрација на корпоративно и иновациско кредитирање и развој на хипотеки“, смета министерот.

Според министерот, Владата веќе разгледува низа мерки за поддршка на инвестицискиот развој.
Кредитниот циклус, поддршка на инвестициите во инфраструктурата, раст на стабилноста како од страна на макроекономијата, така и со микроекономијата, ќе овозможи да се формира јака основа за стабилен раст на БДП, смета Орешкин.

Слични содржини