Руски научници со исклучително откритие во лекувањето на слепило

од Vladimir Zorba

Успеаја да создадат ретина во лабораториски услови

1481002935-shutterstock-528427255
Руски научници успеаја да создадат во лабораториски услови ретина. Успешниот експеримент е спроведен во научно-клинички центар по физичко-хемиска медицина.
Ретината е добиена со репрограмирање на кожни клетки, што дава надеж за излекување на повеќето случаи на слепило на глобално ниво. Истовремено, интервенцијата ќе биде проследена со минимална трауматичност за пациентот, а показателите за клеточниот раст се добри.

Првата операција на трансплантација на ретина, формирана по новиот метод, ќе биде извршена догодина. Ретината ќе биде трансплантирана на пациенти со наследна макулодистрофија.

Методот за репрограмирање на клетките овозможува кожните клетки да бидат вратени во ембрионална состојба, а потоа да бидат претворени во секакви, вклучително и во оние кои ја формираат мрежницата на окото.

Слични содржини