Руски полицајци при претрес на куќа нашле нилски крокодил

од desk2

Рсуки полицајци при претрес на куќата на еден основач на воено-патриотска организација во Санкт Петербург пронашле возрасен нилки крокодил, пренесе РИА новости.

Животното се наоѓало во базен во подрумот на кучата, а за тоа се известени надлежните органи. Градксата ветеринарна служба го прегледала крокодилот.

Градската зоолопка градина соопшти дека нема да го прими како станар крокодилот, поради тоа што нема место, а крокодилот нема никакви документи.

Освен големиот рептил, полицијата пронашла и 20 импровизирани експлозивни направи, артилериски и минофрлачки гранати, околу 100 шаржери и 40 преработени макети на автоматската пушка калашњиков.

Сопственикот на куќата рекол дека крокодилот го добил пред една година. Се истражува дали со чување на животното прекршил некој закон.

Слични содржини