Рускиот врховен суд донесе одлука- “Јеховини сведоци” се прогласени за екстремистичка организација !?

од Vladimir Zorba

Религиозното исповедање “Јеховини сведоци” беше прогласено за екстремистичка организација и беше забрането

Врховниот суд на Руската Федерација утврди  дека религиозното исповедање, основано во 1876 година во Соединетите Американски Држави, “Јеховини сведоци” е  екстремистичка организација и ги забрани активности на територијата на земјата, соопшти агенцијата ТАСС. На овој начин беа задоволени судски барања од страна на руското Министерство за правда. Покрај тоа, судот го приватизира имотот на движењето и го претвори во државен приход. Од организацијата велат дека ќе поднесат жалба за одлуката.

Слични содржини