Руски конструктори развиваат прв од ваков вид ракетен комплекс погоден за падобрански десант, соопшти извор од руското воено министерство, пренесе агенцијата ТАСС. Комплексот “Птицелов” се создава за потребите на воздушнодесантните војници врз основа на користената од нив борбена машина БМД-4 М “Садовница” .Во моментов овие војници имаат различни модификации на ракетен комплекс “Стрела-10”, чиј основен модел е прифатен како оружје уште во 1976 година

20160504.lhjizufavp

Новиот комплекс ќе им даде на руските десантни војски можност да одбиваат воздушни напади од средни и големи височини. Тоа не може да се случи со достапните средства за противвоздушна одбрана, приспособени за спуштање со падобран.

Во другите армии во светот нема слични комплекси, појасни за ТАСС, Виктор Мураховски, главен уредник на руското списанието “Арсенал Татковина”.

Слични содржини