Руските дипломати протерани од 14 европски земји

од desk2

 

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, денеска соопшти дека 14 европски земји ги протерале рудките дипломати и дека не може да исклучи дека во следните денови нема да има дополнителни мерки, како знак на солидарност по повод случајот со „Скрипал“.

Германија протера четворица дипломати, соопшти Министерството за надворешни работи и додава дека ова е акт на солидарнсот со Британија, која ја обвинува Москва за труењето на поранешниот советски агент со нервен агенс.

„Денеска протеравме четворица руски дипломати. По нападот со отров во Солзбери, Русија и понатаму не соработува со истрагата“, се наведува во соопштението.

Извор од франсуската дипломатија вели дека властите во Париз ќе протераат четворица руски дипломати како одговор на труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Тој вели дека руските дипломати имаат рок од седум дена да ја напуштат земјата.

Одлуки за протерување дипломати од Русија донесоа и Чешка, Полска, Латвија, Летонија, Естонија, Холандија, Данска, Италија…

На европските држави во оваа акција им се придружи и Украина, чиј претседател Петро Порошенко соопшти дека украинската териотирја ќе мора да ја напуштат 13 руски дипломати поради случајот „Скрипал“.

Порошенко рече дека одлуката е донесена во духот на солидарност со британските партнери и авроатланските сојузници и во координација со другите земји на ЕУ.

Слични содржини