Руските хокеaри ја пееја химната на церемонијата на доделувањето на наградите

од Vladimir Zorba

Руските хокеари ја пееја својата национална химна при доделувањето на наградите за олимписки шампиони на машкиот хокеарски турнир.

Тимските олимписки спортисти од Русија ја победија Германија со 4:3 по продолжение и ја освоија првата титула по 26 години.

За време на доделувањето, бидејќи Русија е казнета и нема право да ги користи своите симболи, организаторите ја пуштија химната на Олимписките игри.

Руските хокеари на оваа музика ја пееја својата национална химна.

Слични содржини