Руското чудовиште тргнува во авантура: Погледнете како изгледа мразокршачот “Сибир” кој ќе го пробива мразот на северниот морски пат

од desk3

Русија во Санкт Петербург го пушти во море мразокршачот “Сибир”, кој превезува стока и ќе го пробива мразот по должината на северниот морски пат, скратувајќи го така патот меѓу Европа и Азија.

Како што пишуваат руските медиуми во прашање е едно од трите пловила од Проектот 22220, што всушност се најголеми и најмоќни нуклеарни мразокршачи.

 

Русија е единствената земја во светот која произведува нуклеарни мразокршачи. “Сибир” е долг 173,3 метри, широк 34 метри, а со него ќе управува посада од 75 луѓе.

Според информациите на сајтот РТ, “Сибир” ќе пробива мраз во длабочина до три метри.  Северниот морски пат ја скратува должината на патот меѓу Европа и Азија од 12 до 15 дена, кој во летото е прооден, додека во зима е неопходно кршење на мразот.

 

Слични содржини