Немања Тодоровиќ Штипља, главен и одговорен уредник на порталот Европски Западен Балкан, за „Зашто?” го објаснува различното ниво на поддршката на европските интеграции во земјите од регионот.

Ентузијазам

Сите влади во регионот на Западен Балкан декларативно се посветени на процесот на пристапување кон Европската унија. Од Црна Гора која веќе отвори голем број поглавја и три од нив ги затвори, до Косово, чија европска иднина е неизвесна, од причина на непризнавање од одреден број држави членки.

И покрај тоа, над 90 отсто косовски граѓани веруваат во иднината на својата држава во Европската унија. Заедно со Албанија, каде поддршката на европските интеграции е околу 80 отсто, Косово е во групата на најевроентузијастички држави на Западен Балкан. На самиот крај секако е Србија со околу 50 отсто поддршка за идното членство.

Дијаспора

Причините за толку големата поддршка во некои земји се историски, но и политички. Од една страна, по долги години на изолација на Албанија, ЕУ на граѓаните на Албанија со визната либерализација им понуди голем простор за евроентузијазан, а таа и од перспектива на Косово се смета како најголем бенефит на досегашниот дел на процесот на приклучување на ЕУ.

Исто така, големата албанска дијаспора која ужива во сите бенефити во државите членки на ЕУ придонесува за позитивната слика на Европа меѓу граѓаните на Косово и Албанија.

На самиот крај се политичките и историските причини, од членството на НАТО, до една јасна дистанца од другите држави кои настанаа од поранешна Југославија, но и непостоење на силно руско влијание на Косово и Албанија.

Затишје

Во последните неколку месци, по демократските промени, евроентузијазмот многу расте во Македонија, заедно со забрзаните стремежи на земјата што поскоро да стане и членка на НАТО. За тоа придонесуваат и многу позитивните сигнали кои доаѓаат од страна на самата ЕУ, но и државите членки, меѓу кои се и Бугарија и Грција.

Досегашниот евроскептизицам во Македонија не беше само и единствено последица на предолгото траење на билатералниот спор меѓу една држава членка на ЕУ, Грција, од една страна и владата во Скопје од друга, туку и големата незаинтересираност на претходната влада за прашањата на евроинтеграциите и реформите во земјата.

Тоа затишје кое постоеше во целиот тој процес одговараше на тогашната македонска елита, која ЕУ ја прикажуваше како виновник за се. Од политичките промени во земјата, меѓуетничките односи, па се до грешките во процесот на транзицијата.

Елити

Многу слична слика за ЕУ им се наметнува и на граѓаните на Србија. Иако српските власти се посветени на европските интеграции, се забележува дека ни самите владеачки елити не се во голема мера заинтересирани за тој процес. Освен поединци во извршната и законодавната власт, дури и многу од пратениците не се навистина заинтересирани за европските интеграции во виситнска смисла на тој збор.

Во Србија, како и во помала мера во Босна и Херцеговина и Црна Гора, не можеме да ја занемариме ни силата на руското влијание. Техниките со кои се спроведува руската мека моќ се доволно добро замислени, што тие навистина допираат до најшироките слоеви на граѓаните, но во се поголема мера и до интелектуалната елита. Само во изминатиот месец објавени се стотици натписи за руски донации, надмоќта на руското оружје, зголемената економска соработка и слични теми.

Во овој вид на промоција и популаризација на Русија во Србија, главен актер не е самата Русија, туку делови на владејачките елити, националната телевизија и некои дневни весници. И покрај својата економска надмоќ, количеството на донации и инвестициите од државите членки, ЕУ не разви механизми за популаризација на начин тие навистина да допрат до сите делови на населението.

Радио Слободна Европа – Прага

Слични содржини