Ryanair со нов трик: Ги охрабрува пилотите да се откажат од одредени бонуси за да го спречат летниот хаос

од Vladimir Zorba

Ryanair им предложила на пилотите  еднократен бонус од 12 000 фунти за да се откажат од одморите, покажува интерен документ, забележан од британскиот весник Guardian.

Авиокомпанијата се бори да спречи понатамошни откажувања на летови поради конфузија во системот за одмор на пилотите. Претходно, генералниот директор на ирската авиокомпанија Мајкл О’Лири им се извини оваа недела на патниците, бидејќи 50 летови до 31 октомври ќе бидат откажани, а тоа ги засега околу 400 000 патници.

Ryanair треба да се справи со гневот на клиентите кои се плашат дека ќе останат без надомест, и беше предупредена од цивилната авијација дека можат да и бидат наметнати казни поради одбивање и пренасочување на патници кон конкурентни авиокомпании.

Сојузот на ирските пилоти ја обвини авиокомпанијата дека се оправдува со европските регулативи, наместо да го признае сопствениот неуспех да обезбеди доволно пилоти, за да го исполни распоред.

Внатрешни пораки, видени од Guardian, покажуваат дека нискотарифната авиокомпанија се обидува да ги смири пилотите, нудејќи поволни услови ослободени од даночни бонуси и при тоа да не земаат одмори.

„За да избегнеме дополнителни откажувања на летови, сакаме меѓу еден и два блока од пет дена на секој пилот кој веќе добил својт едномесечен одмор“, им рекол на пилотите главниот оперативен директор Мајкл Хики.

„Препознавајќи ги последиците за вас за потребата да летате дополнителни денови, јас ја воведувам следнава бонус шема. Сите сегашни пилоти … кои ќе останат да управуваат авиони на Ryanair меѓу септември и 31 октомври 2018 година, ќе добијат еднократен бруто бонус од 12 000 евра за капетаните и 6000 евра за првите помошници во ноември 2018 година “, се вели во порака.

Пилотите ќе добијат еднократен бонус дури во ноември следната година – кој е поттик да останат во авиокомпанијата, но во позадината на извештаите е дека многу од нив поминале во Norwegian која, според гласините, за почетокот на годината најмила 140 пилоти од Ryanair. Ирската авиокомпанија не ги открива платите, но капетаните и првите помошници добиваа основна плата од 62.500 евра и 21.000 евра во 2015 година, пишува весникот Irish Times.

Пилотите и првите помошници ќе добијат бонус, ако летаат повеќе од 800 часа за Ryanair во годината до 31 октомври 2018 година и се си зеле барем десет викенди во овој период, вклучувајќи блок од пет последователни дена. Ryanair рече дека ќе ја зголеми бонусите за ноќните летови на пилотите, а останатите вработени, исто така, ќе добијат нормални викенд бонуси.

Патниците за Guardian се пожалија од лошата комуникација со авиокомпанијата, поради која пропуштија семејни настани и притоа им создадоа грижи и финансиски проблеми, ако не можат да си ги повратат трошоците за хотелски соби и замена на летови. Бристол Криста чекаше на аеродромот во Будимпешта за да се врати во нејзиниот дом во вторникот, еден ден подоцна од нејзиното закажано враќање во Британија.

„Добив порака од Ryanair на 15 септември за летот во понеделникот. Ги повикав два пати, но добив лоша услуга за клиентите. Тие не се извинија за инцидентот и не ми дадоа објаснување за откажаниот лет “, рече Христа.

Ryanair поништи и летови до Лисабон, што предизвика вознемиреност меѓу обожавателите на Манчестер Јунајтед, кои веќе беае купиле билети за натпреварот на тимот и со Бенфика, кој се играше за Лигата на шампионите. Мајкл О’Лири во понеделникот рече дека Ryanair нема да плаќа за летови на конкурентите, иако според регулативите на ЕУ, таа треба да понуди ваква опција ако летот на конкурентната авиокомпанија полетува и слетува „значително побрзо“ од сопствениот лет.

Ryanair посочи дека како причина за откажаните летови е промена во начинот на кој ирските авиокомпании ги толкуваат европските регулативи. Тие ги ограничуваат летовите на пилотите до 900 часа во календарска година од безбедносни причини. Авиокомпаниите регулирани од Ирската авијациска служба оваа година беа единствените што ја толкуваат календарската година од април до март.

Ова им даде предност на компаниите како Ryanair, на своите конкуренти од Стариот континент, бидејќи тие би можеле да планираат повеќе летови за време на летните месеци и да им дадат на пилотите повеќе време за одмор. Од Сјузот на ирските пилоти (IALPA) соопштија дека Ryanair не може да бара извинување во оваа промена, бидејќи „имаше најава од најмалку две сезони порано“, а за тоа време требаше да се прилагоди на новите регулативи.

Слични содржини