Саакашвили во затворот започнал штрајк со глад – повика на протести за импичмент на Порошенко

од desk4

Лидерот на украинското опозициско Движење на новите сили и поранешен грузиски претседател, Михаил Саакашвили денеска од затвор упати повик до своите поддржувачи да излезат на протести на кои ќе побараат отповикување на претседателот на Украина, Петро Порошенко.

Тој му предал писмена изјава на неговиот адвокат, Руслан Чорнотовски со која ги повика своите приврзаници да не се плашат од ништо и да започнат со мирен протест со барање за импичмент за Порошенко.

Саакашвили во затворот започнал и штрајк со глад, најавувајќи дека ќе одбива да зема храна се додека е во затвор.

Засега не е покренато никакво официјално обвинение против Саакашвили, информираа од украинското јавно обвинителство, но кажаа дека се води истрага за негова поврзаност со украински бизнисмени блиски до Москва, кои подготвувале соборување од власт на Порошенко.

Саакашвили беше уапсен доцна синоќа, во третиот обид, откако претходно неговите поддржувачи ја спречија полицијата.

Од утрово пред седиштето на Службата за безбедност на Украина, каде што е притворен Саакшвили, се собрани група негови поддржувачи. Протестот засега минува мирно.

Слични содржини