САД: Дејствијата на Русија во Сирија се варварство

од Vladimir Zorba

САД активно се борат против терористите во Сирија, додека Русија нанесува удари против опозицијата, тврди Саманта Пауер.samatna-tpauer

“Оние активности кои ги презема и ги поддржува Русија, не  e антитерор, туку  варварство”, изјави постојаната претставничка на САД во ОН Саманта Пауер на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, посветена на Сирија и ситуацијата крај Алепо.

Според неа САД  тие активно се борат против терористите во Сирија, додека Русија нанесува удари против опозицијата. САД ќе се стремат со сите средства да се врати режимот за прекин на огнот во Сирија, но сметаат дека главна улога во тоа треба да го одигра Русија. Според неа мирно регулирање на конфликтот во Сирија е  невозможно, “ако Русија е прилагодена за продолжување на војната”.

ВОНРЕДНА ОД КРЕМЉ! РУСИЈА ОТКРИ ВАЖЕН ДОКУМЕНТ ПОТПИШАН СО САД

Таа изјави дека во последната недела САД учествуваа во две министерски средини за Сирија, иако руската страна “зборуваше едно, а прави друго”. “Дури и сега ние ќе бараме секој можен начин, за да го гарантираме режимот за прекин на огнот”, рече претставничката на САД. / ТАСС

Слични содржини