ИЗбори нема да има,како што рековме и  дефинитивно Собранието на РМ се сообра, и веќе не е Самораспуштено туку Самособрано- нешто во стилот како спонтаноста во митингувањето . Се вратија парламентарците и Трајко  по само првото разгледување на Уставниот суд на иницијативноста за спорност. Вчера пратениците не чекаа да дојде ниту конечната одлука од Уставниот , прво што го направија со селска итрина и светлосна брзина, онака спонтано , поитаа да ги усвојат оставките на министрите на СДСМ, оние од лани,  и ги сменија , и ДУИ и ВМРО ДПМНЕ си поставија вмровци .Работата не смее да стои,  а со иста светлосна бризина на сајтовите на МВР и другите е ставено дека министер за полиција е Чавков- да се знае.

Ciwb_hsXAAE6fGU

Но  тоа се сепак само партиските маневри , а  она клучното кое е оставено за денеска   е Аболицијата. Тоа е вистинскиот тест дали излезот од кризата ќе тргне напред или пак ќе се вратиме  два чекора назад, и ќе отовриме нова порта. Странците се тука со сета жестина, со клучните предупредувања и кон власта и опозицијата.

Тука е и  високиот американски функционер Брајан Хојт Ји, кој уште вчера се сретна   со четворицата партиски лидери, а денеска му доаѓа на припомош и специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндел

 По средбaта со   помошникот заменик државен секретар Хојт ЛИ од ВМРО-ДПМНЕ протоколарно соопштија дека разговарале за надминувањето на политичката криза во државата, за начините и модалитетите за излез, како и за остварување на стратешките цели на државта во интеграциските процеси.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со Хојт Ји соопшти дека едностраните одлуки, насилното поништување на техничката влада ја усложнуваат длабоката криза и ја загрозуваат иднината на државата. Нема да дозволиме некој да ја држи Македонија во заложништво, вели Заев.

И лидерот на ДПА, Мендух Тачи огорчено изјави дека  се што се случува е договор, но само меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ со единствена цел повторно да се вратат во владата. Тој однапред најави дека нема намера да учествува на собраниската седница затоа што не гласал ниту за распуштање на Собранието.аболиција

Сепак клучни се пораките за аболицијата иако  тоа вешто го одбегенуваат и кријат  ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски. Всушност тука се пазарењта, тука се и барањата и сметките.

Додека траеја средбите на Ји координирано беа објавени соопштенија од американската амбасада и  претставниците на Европската Унија,  Могерини и  Хан. Во нив се оценува дека одлуката на Уставниот суд  отвора пат за да се откажат изборите на 5 јуни, а политичките лидери во Собранието  треба да покажат на дело дека се силно посветени на Договорот од Пржино. Централно место во двете соопштенија е повикот за понишување на аболицијата на претседателот Иванов.

Одлуката за аболицијата од 12 април мора да биде поништена без одложување за да се зачува принципот на одговорност, да се неутрализира сериозната загриженост  околу неказнивоста и избегнување на селективната правда.

Се јавија и од НАТО. Од седиштето на НАТО генералниот секретар Јенс Столтенберг ги повика политичките лидери во Македонија да ја решат кризата и побара повлекување на аболицијата.

Вратата на НАТО се уште е отворена, но клучно е лидерите во земјата да ги решат проблемите, особено со владеење на правото, вклучително и повлекувањето на помилувањата од претседателот. Важно е да има минимум услови за нормален демократски политички живот.

Гарет: Договорот од Пржино не е мртов и закопан

Иаако брзата смена на монистрите на СДСМ и нивното исфрлање од Владата е порака дека нема да се почитува баш се од договорот од Пржино, сепак итно стигна и контра одговорот. Прв твитна  Британскиот амбасадор Чарлс Гарет. Тој синоќа на „Твитер“ напиша дека Договорот од Пржино не е мртов.

„Не, Пржино не е мртов и закопан. Се уште е вистинска рамка за одржливо решение“, напиша Гарет.

Се приклучи пожестоко неговиот медијатор, Питер Ванхојте кој закачи едно од неговите мемиња. Тој  повторно објави фотортафија со мачка на која пишува”

Welcome to the new government/old government. And now work, work, work:

Влада? Прво да се исчисти тоалетната кутија…

Како што рековме Аболицијата  сепак е клучна. Тоа  очигледно е главна тема на разговорите на американскиот функционер и затоа тој ќе разговара и со  претседателот Иванов. Ќе припогне тука и германскиот специјален пратеник .Каков ќе биде резултатот, тие  ќе соопштат денеска. Всушнот ќе се види и од дебата во парламентот, каде опозицијата најавува жесток настап.

Каква „спонатност“ пак ќе произведе за денеска Груевски , не може да се погоди, ама мора да се очекува.

Слични содржини