Американската фондација “Кавли” (Kavli) и Американскиот универзитет во САД во четвртокот изјавија дека обезбедиле дополнително над сто милиони долари за истражување на мозокот. Ова треба да помогне за разоткривање на неговите тајни, како и на причините за болести како Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.4433993

Поголемиот дел од приватните фондови ќе овозможат да се создадат три нови института на “Кавли” за неврологија во универзитетите “Џон Хопкинс” и “Рокфелер”, како и во Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско. Трите института ќе добијат по 20 милиони долари, прецизира фондацијата.

Тие ќе станат дел од меѓународната мрежа од 20 института “Кавли”, посветени на неврологијата, астрофизиката, нанонауката и теоретската физика. Новите фондови ќе финансираат студии во рамките на иницијативата за мозокот наречена “Мозокот” (Brain research through advancing innovative neurotechnologies) и лансирана од американскиот претседател Барак Обама во април 2013 година во рамките на партнерството помеѓу јавниот и приватниот сектор.4433994

Програмата веќе има собрано 300 милиони долари. Фондацијата “Кавли” се обврза да обезбеди 40 милиони долари за иницијативата уште од нејзиниот почеток. Последното и учество додава уште 10 милиони долари кон оваа сума. Иницијативата “Мозокот” (“Мозокот”) се реализира од јавниот сектор од националните институти за здравство, Националната научна фондација (NSF) и истражувачката агенција на Пентагон Defense Advanced Research Projects Agency – ДАРПА. Од страна на приватниот сектор, таа е поддржана од Фондацијата “Кавли” и други институции како Институтот Ален (Allen Institute).4433995

“Се надевам дека оваа иницијатива ќе поттикне и други добротворни институции и универзитети да го поддржат овој важен проект за (изучување на) мозокот”, изјави Џон Холдрон, главен научен советник на Белата куќа.

Овој проект за истражување на мозокот посебно повикува на создавање на нова интердисциплинарна научна соработка за создавање на иновативни технологии кои даваат можност да се види работата на мозокот. Националните институти за здравство на САД веќе имаат 58 проекта со повеќе од сто истражувачи од САД и странство.4433996

Истражувачката програма се насочува во три големи насоки: создавање на следната генерација техники за снимање на мозокот, развивање на методи за сеопфатно регистрирање на мозочната активност и развој на компјутерски модели кои ќе овозможат да се разберат карактеристиките на специфичните нервни кола. Според државните институти за здравство на САД деталните истражувања на работата на мозокот ќе го отворат патот за лекување на катастрофалните мозочни болести како Алцхајмеровата, Паркинсонова, шизофренија, аутизам или епилепсија, кои според Светската здравствена организација (СЗО) влијаат над една милијарда луѓе во светот. 

 

Слични содржини