САД силно ги осудуваат нападите врз членовите на македонскиот Парламент, изјави Марк Тонер, портпарол на Стејт департментот.

– САД силно ги осудуваат насилните напади врз членови на парламентот на Македонија кои следеа по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Во демократските процеси нема место за насилство. Ги изразуваме нашите најдлабоки симпатии за членовите на Парламентот што се повредени и за нивните семејства. САД ги повикуваат македонските власти да ја гарантираат безбедноста на сите членови на Парламентот, да го испитаат темелно нападот и да ги повикаат на одговорност оние кои извршиле акти на насилство – изјави Тонер.

Портпаролот на Стејт департментот изјави дека САД ќе работи со новиот претседател на Собранието за поддршка на демократијата и да и помогнеме на Македонија да продолжи на европскиот пат.

САД ги повикаа сите партии да бидат смирени, да ги решат сите разлики мирно и да ги почитуваат македонските закони и демократски процеси.