грција

САД одблизу ја следат ситуацијата во Грција и сметаат дека Атина ќе продолжи со преговорите со меѓународните кредитори кои ќе и обебзедат неопходна финансиска поддршка и ќе остане во еврозоната. Тоа го соопшти синоќа Министерството за финансии на САД.

– САД продолжуваат со повиците до сите заинтересирани страни да продолжат со преговорите кои ќе обезбедат за Грција економски раст во еврозоната врз основа на неопходни економски реформи и потребното финансирање, се вели во соопштението.

Во него се додава дека Грција вчера не обезбедила 1,5 милијарди евра за плаќање на обврските спрема ММФ./МИА

Слични содржини