108
Американскиот Стејт Департмент денеска соопшти дека ја поддржува Шпанија и е против отцепувањето на Каталонија.
Официјален Вашингтон смета дека Каталонија е интегративен дел од Шпанија и ја поддржува Владата во напорите таа да остане единствена.
-Каталонија е интегрален дел на Шпанија. САД ја поддржува Владата на Шпанија и спроведувањето на уставните мерки за да ја одржат земјата силна и единствена, изјави портпаролката на СД, Хедер Наурет.