Доцна синоќа амбасадата на САД во Скопје преку соопштение посочи дека селективната аболиција ја спречува Македонија за напредок кон НАТО и ЕУ.
„Како што истакнавме минатата недела, делумно или селективно повлекување на помилувањата ќе допринесе за зголеменото чувство на неказнивост во оваа земја и ќе ја спречи Македонија да напредува кон најважните цели, меѓу кои и напредокот кон НАТО и ЕУ. Македонија мора опсежно да се занимава со ова прашање“, стои во синоќешното соопштение на американската амбасада.

сад амбасада
Делумно или селективно повлекување на помилувањата ќе допринесе за зголеменото чувство на неказнивост во оваа земја порала пшретходно  амбасадорот на САД Џес Бејли

Речиси координирано стигна и  реакција и од Брисел. Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич ја пренесе пораката за неодложно отповикување на сите помилувања од претседателот.коцијан

„Брисел одблизу ја следи ситуацијата во земјата и повторуваме дека е потребно да се повлече аболицијата за сите лица  за да се зачува принципот на одговорност, да се обезбеди еднаков третман пред законот, за да се отстрани загриженоста за незаконитоста и за да се избегне селективната правда“, изјави Коцијанчиќ.

Хан: Поништувањето на аболицијата за само мал број луѓе, не е доволно

Еврокомесарот Јоханес Хан преку Твитер реагираше на одлуката на претседателот Иванов да го повлече помилувањето за 22 политичари.

: “President ‘s decision to annul for only a number of people, is not sufficient”. 1/2

Одлуката на претседателот Иванов да го поништи помилувањето на само мал број луѓе, не е доволно. Како што е наведено во повеќе наврати од страна на ЕУ, сеопфатно решение е клучно за да се избегне селективна правда“, напиша Хан на Твитер.хан м
На останатите помилувани им е оставена можност индивидуално да си поднесат барање до него да им биде повлечена аболицијата.Претседателот Ѓорге Иванов вчера ги повлече аболициите за 22 политички експонирани лица што ги помилува на 12 април. И за поништувањето на помилувањата, исто како и кога ја донесе одлуката за помилувања, Ивнов не соопшти имиња. Кои се политички експонираните лица ќе се знае откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник.

„Никој не е недопирлив, секој ќе одговара за тоа што го направил“, рече Иванов.

Ex oficio имињата на политичарите за кои се поништени помилувањата

Претседателот објасни дека неговата одлука од 12 април многумина не ја разбрале, или не сакале да ја разберат и дека, според него, таа била единствениот начин за излез од длабоката политичка криза. „Бев обвинуван дека сум сакал да ги заштитам политичарите. Најсовесно изјавувам дека не сум имал таква намера“, рече претседателот Иванов.

Аболицијата се однесуваше на политичари и нивни соработници кои се осомничени или под истрага на Специјалното јавно обвинителство за криминал што може да произлезе од содржината на прислушуваните разговори.

Фото СДК

Слични содржини