Амбасадата на САД и Делегацијата на Европската Унија во Скопје го поздравуваат досега постигнатиот напредок по однос на спроведувањето на законот за јавниот обвинител за истраги за прислушуваните комуникации, што е клучен сегмент од политичкиот договор, се вели во Заедничка изјава на Амбасадата на Соединетите Држави и Делегацијата на Европската Унија

Image (1)

Брзото именување на Катица Јанева на функцијата јавен обвинител за истражување на прислушуваните комуникации, фактот што таа достави навремен предлог за тим на обвинители до Советот на јавни обвинители, и општи планови за работа, за тимот и за финансиите до Собранието, до Владата и до Советот на јавни обвинители, претставуваат позитивни моменти, велат претставниците на САД и ЕУ.

Од суштинска важност е Советот на јавни обвинители да ја изврши својата улога согласно законот за водење на истраги за прислушуваните комуникации и да го именува тимот на Јанева, за да може нејзиното обвинителство да почне да го извршува својот мандат и своите задачи независно и без да трпи било каков облик на политички притисок, потенцираат претставниците на САД и ЕУ.

Делегацијата на Европската Унија и Амбасадата на Соединетите Држави се подготвени да помогнат доколку тоа се побара од нив и да обезбедат обука и техничка помош за канцеларијата на јавниот обвинител да води истрага за прислушуваните комуникации.

Слични содржини