САД ја поддржаа операцијата на Турција во Сирија

од desk3

САД ја поддржуваат операцијата на Турција во сирискиот град Џараблус и ја обезбедуваат со воздушна поддршка. Ова го изјави американскиот потпретседател Џо Бајден по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Турција започна вчера воена операција, првично со артилериски напад, по што со поддршка на сириски бунтовници влезе во градот.

0187403001458914139_558838_600x458

Истовремено американските воздушни сили нападнаа позициите на “Исламска држава” во Џараблус. Приквечер АФП соопшти дека борците на ИД се протерани од градот.

Слични содржини