САД нема да испрати делегација од Вашингтон на преговорите за Сирија во Астана

од Vladimir Zorba

– САД нема да испратат делегација од Вашингтон на преговорите за Сирија во Асатана на 23 и 24 јануари, туку земјата ќе ја претставува американскиот амбасадор во Казахстан, Џорџ Крол, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот, Мајк Тонер.

Тој го образложи отсуството на делегација од Вашингтон со фактот дека новиот американски претседател Доналд Трамп туку што стапил на должност, како и со итните потреби за формирање на администрацијата.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека Русија ќе го поздрави учеството на претставници на САД на преговорите во казахстанскиот главен град.

Слични содржини