САД одобрија продажба на оружје за милијарда долари за Саудиска Арабија

од Vladimir Zorba

  Американската администрација објави дека дале одобрување за договори за продажба на оружје со вкупна сума поголема од милијарда долари за Саудиска Арабија чиј принц е во посета на САД.

Главниот договор се однесува за продажба на 6.600 противтенковски проектили за 670 милиони долари, додека другите договори се однесуваат за одржување хеликоптери (103 милиони долари) и резервни делови за неколку видови возила (300 милиони).

Предложената продажба ќе ја поддржи американската надворешна политика и целите на националната безбедност со подобрување на безбедноста на пријателска држава која беше и продолжува да биде важна сила за политичка стабилност и економски раст на Блискиот исток, соошти Стејт департментот.

Слични содржини