Врз воена база крај градот Хомс во Сирија имаше   американски ракетен напад. Истрелани биле 59 крстосувачки проектили “Томахоук” од воените  бродови на САД во Медитеранот оваа ноќ .

Ракетите погодилде авиони, бункери, магацини со муниција и радари на територијата на воздухопловната база “Шајрат” крај Хомс.

Ракетите биле истрелани од американските уништувачи Ross и Porter.

Сириската армија и владата  го потврдиле  бомбардирањето. Владата ги нарече дејствата на САД како гола “агресија “. Нападот е извршена меѓу 3 и 4 часот

Гувернерот на Хомс прецизира дека неколку луѓе биле убиени , тврдејќи дека воздухопловната база била користена во поддршка на операцијата против терористичката група ДАЕШ ( “Исламска држава”).

Според Сирискиот центар за набљудување на човековите права, чие седиште е во Велика Британија, при ударот биле убиени четворица сириски војници . Според нив ударот речиси целосно ја  уништил базата .

 Американскиот претседател Доналд Трамп се обраќати на  нацијата во врска со издадената од него заповед.

Тој не става под сомнение вината на Дамаск за смртта на “невини мажи, жени и деца” при хемиската напад во северозападниот град Хан Шејхун.

Нашите активности во Сирија се во согласност со американските интереси да не дозволиме ширењето на смртоносниот хемиско оружје, рече уште тој.

Според зборовите на Трамп, претходните обиди за промена на однесувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад биле неуспешно драматични .

Пентагон ја известил однапред Русија за  ракетниот напад .

“Авиобазата Шајрат се користи за чување на хемиско оружје и за (целите на) сириските воздухопловни сили. Според американското разузнавање авионите од Шајрат, ги  извршиле нападите со употребата на хемиско оружје на 4 април. Ударот (на САД) беше нанесен за одвраќање на (сирискиот) режимот од повторна употреба на хемиско оружје “, се наведува во соопштението на Пентагон.

Ударот на САД може да ја поткопа борбата против тероризмот . Тоа коментира Виктор Озеров, кој е шеф на Комисијата за одбрана и безбедност кон горниот дом на рускиот парламент.

Озеров изјави дека Русија ќе свика итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради нападот на САД.

” Овој удар може да биде разгледуван како акт на агресија на САД против земја членка на ОН “, истакна Озеров.

Ова се случува неколку часа откако стана јасно дека администрацијата во Вашингтон размислуваат за  воен одговор на хемиската напад од 4 април.

Во хемискиот напад  загинаа 86 лица, меѓу кои 27 деца. Меѓу жртвите се цело семејство од кое биле убиени повеќе од 20 лица.Американските власти го сметаат за одговорен режимот во Дамаск, кој негира дека има учество.

Во меѓувреме, Советот за безбедност го одложи гласањето за резолуцијата со која се осудуваат хемиската напад. Причината е намерата на Русија да стави вето. Документот ќе биде преработен како компромис на реакцијата на Москва.