Саки му порача на Анчелоти да го напушти Баерн

од Vladimir Zorba

 Легендарниот италијански тренер Ариго Саки му упати пријателски совет на својот сонародник Карло Анчелоти го напушти Баерн Минхен.

Пораката од Саки кон својот „ученик“ доаѓа откако ѕвездите на тимот, како што се Роберт Левандовски и Франк Рибери, јавно го искажаа своето незадоволство од работата на тренерот.

– Ми се чини дека тимот загуби ентузијазам, па очигледно промената ќе биде добра за двете страни. Во стареењето страста и желбата се губат, тоа е живот. Без сомнение, Анчелоти е одличен тренер, не знам кој тренер освои три трофеи во Лигата на шампионите? Каде и да работеше, имаше успеси, изјави Саки.

Како нова дестинација на Анчелоти во германските медиуми се споменува во Кина и наводно тој веќе во зима ќе го напушти германскиот шампион.

Дури се шпекулира дека е познат и наследникот на Италијанецот, а тоа е тренерот на Хофенхајм, 30-годишниот Јулијан Нагелсман.

Слични содржини