Салмонд: За две години Шкотска ќе гласа за независност

од Vladimir Zorba

Шкотска ќе гласа за стекнување независност за две години поради тврдокорната позиција, која ја зазема британската премиерка Тереза Меј во врска со Брегзит, изјави денеска поранешниот прв министер Алекс Салмонд.

На референдумот во 2014 година Шкотите ја отфрлија независноста со 55 проценти, наспроти 45 отсто. Сегашната шкотска премиерка Никола Старџон тврди дека сега е поголема веројатноста Шкотите да гласаат за независност, откако на реферндумот во јуни со големо мнозинство го поддржаа останувањето во Европската унија, додека останатиот дел од Обединетотот Кралство гласаше за напуштање.

Старџон и претстави на Меј серија предлози поврзани со позицијата на Единбург за односите со ЕУ, вклучувајќи ја варијантата Шкотска да ги зачува врските со единствениот пазар на ЕУ во рамки на Велика Британија.

– Доколку Владата во Лондон го отфрли компромисниот план на Старџон, сметам дека е мошне веројатно оти ќе има нов референдум за независност, изјави Салмонд за Би-Би-Си.

Слични содржини