Саманта Пауер го повика Трамп да не гo намалува финансирањето во ОН

од Vladimir Zorba

Американската амбасадорка во заминување при Обединетите нации, Саманта Пауер ја повика администрацијата на Доналд Трамп да не го намали финансирањето во Обединети нации.

Таа рече дека тоа ќе биде штетно за САД и ќе биде во корист на земји како Кина и Русија.

– Ние делумно го водиме светот затоа што сме водечка земја при Обединетите нации – рече амбасадорката на својата последна прес-конференција пред нејзиното заминување од функцијата на 20 јануари кога должноста ја презема администрацијата на Трамп.

Поддржувачите на Израел во американскиот Конгрес предложија низа закони за намалување на финансирањето во ОН во знак на протест што претседателот во заминување Барак Обама дозволи усвојување на резолуција во Советот за безбедност на штета на Израел.

САД финансираат 22 отсто од регуларниот буџет на ОН како и 25 отсто од буџетот за мировните мисии на Организацијата во кои има околу 100.000 војници од разни земји членки на светската организација.

Пауер рече дека намалувањето на финансиите би ги загрозило самите Обединети нации на кои им е неопходна финансиска поддршка за решавање на конфликти и за хуманитарните операции.

Слични содржини