Самит Србија-Косово во Брисел

од Vladimir Zorba

Претседателот Николиќ и премиерот Вучиќ ќе треба да преговараат со колегите од непризнаенoто од Белград Косово.

Дијалогот на Белград со Приштина ќе продолжи во вторник на највисоко можно ниво, пишува српскиот весник “Политика”. Средбата ќе биде во Брисел, а  кон белгиската престолнина ќе отпатуваат премиерот Александар Вучиќ и претседателот Томислав Николиќ.

Се очекува косовската страна да биде претставена од претседателот Хашим Тачи и премиерот Иса Мустафа. “Се надевам дека ќе има доволно рационален пристап, за да не се внесува оружје во областите каде што живеат Срби”, дополнил Вучиќ. Претседателот Николиќ пак објави дека ќе инсистира најмногу за зачувување на мирот, до кој дошло по акциите на Брисел и кој може да биде сочуван само ако сите го пазат.

“На Албанците отворено ќеим кажеме дека почитувањето на договорот е услов за мир, а на претставниците на ЕУ дека имаат обврска да спречат, а ако не е можно, да ги запрат сите акции, кои директно го загрозува мирот и безбедноста на сите жители на Косово и Метохија “, рече Николиќ. “Разговорите  нема да се лесни, дури и затоа се тргнува од две спротивставени позиции. Тие сметаат дека Косово е независно, а ние – дека тоа е територија на Србија”, призна Вучиќ. “Сите го забележаа  специјалниот воз, а никој не забележа дека покрај него тие посавија  тешко оружје во северно Косово, појасни тој и додаде дека не верува  дека натписите” Косово е Србија “на возот се  провокативни, бидејќи и во Срибја се случај да се вее знамето на Голема Албанија. Кажа и дека Албанците  “како Индијанци слушале со уво врз шините за возот, но всушност ниту го чуле, ниту го виделе. Некои сакаа да организираат судир, среќен сум што го избегнавме се тоа  “, објави Вучиќ. И појасни дека очекува” взаемни отстапки “на преговорите во Брисел.

Слични содржини