Самка Ибраимовски: Не коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ, се уште сме во коалиција со СДСМ

од Vladimir Zorba

samka-ibraimovski-custom-520x560

По вчерашните информации во дел од медиумите, дека Самка Ибраимовски од ПЦЕР ја напушти коалицијата на СДСМ и ќе бара место во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Ибраимовски деманатира.

Тој напиша: Гледам денес медиумите објавуваат се и сешто. Партијата ПЦЕР нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ како што пишува Сител. Ова не е точно и сакам да информирам дека ние се уште сме во коалиција со СДСМ. Деновиве на прес конференција ќе ја информираме јавноста за нашата коалиција.

Слични содржини