Европскиот експерт Питер Ванхауте наместо заедничка,  денеска со одделни средби со партиите со кои разговара за  драфт верзија за менување на Изборниот зконик, напишана по  состаноците со сите , а сега  партиите треба да дадат финални забелешки. Иако Ванхауте е штедлив на зборови, оптимизмот не го напушта.  Во парламентот се сретна со ДУИ, со врвот на СДСМ во седиштето на партијата,  и не беше прецизен дали вечерва ќе ги повика сите партии на заедничка маса.

piter_vanhaute_0

-Планирам секакви видови средби. Ќе видиме како ќе се развива, изјави кусо европскиот експерт Питер Ванхауте за Телма.

Не може да се добие информација кога е средбата со ВМРО ДПМНЕ. Целосно молчат и другите учесници во преговорите. Оваа таинственост доаѓа по повторените прозивки од меѓународниот фактор кој укажува дека законот треба да се усогласи уште денеска. Рокот за договор за изборната регулатива истече на 6 октомври, а до вчера партиите меѓусебно се обвинуваа за одолговлекување на преговарачкиот процес. Извори за Локално , неофицијално тврдат дека сепак оваа проблематика ќе се заокружува малку подого и не е исклучено да оди  во пакет со законот за бомбите и свиркачите и тоа за десетина дена.

Слични содржини