Само пет проценти од новите фирми опстануваат над петогодишниот план

од Vladimir Zorba

 

Стандардт – Софија

Само пет проценти од новите фирми опстануваат над петогодишниот план

Четириесет и пет проценти од фирмите во земјата немаат ниту еден ангажиран работник, најдоходовни се енергетските претпријатија

Во 2015 година во Бугарија имало 339,175 активни претпријатија, што е за 1,9 проценти повеќе во споредба со претходната 2014 година, објави Националниот статистички институт. Најголем дел во учеството на активсните фирми во периодото 2011-2015 година имаат оние со нула вранотени лица. Во 2015, нивниот број е 152,345 и сочинуваат 44,9 проценти од сите активни претпријатија во земјата. Во следната група „со 1-4 вработени“ има 136,133 претпријатија или 40,1 проценти од сите во 2015 година. Најнизок е делот во групата „од 5 до 9 вработени лица“. Во просек за истиот период нивниот број изнесува 7,4 проценти, а во групата „10 и повеќе работници“ просечно за истиот петгодишен период спаѓаат осум проценти од активните претпријатија.

Бројот на вработени лица во групата „10 и повеќе работници“ сочинува 69,5 проценти од вработените во периодот 2011-2015 година, додека делот на претпријатијата во таа група е едвај осум проценти од севкупниот број. И обратно – меѓу големиот број активни претпријатија во групата со нула вработени, 44,7 проценти стои мал број вработени лица – 6,3 проценти, од вкупниот број на вработените во земјата.

Новоотворени претпријатија

Од вкупниот број претпријатија од разгледуваните сектори во економијата, 11,9 проценти се новоотворени во текот на 2015 година. За последните пет години просечно годипно се отварале 11,9 проценти од бројот на ативните преторијатија во тој период.

Во текот на 2011-2015, највисок процент имаат новоотворени претпријатија во секторот „Г“ – трговија, сервисирање на автомобили и мотоцикли“, а просечно за петгодипниот период тој дел е 44,2 проценти. Истовремено, најнизок е делот на новоотворени фирми во секторот „Б“ – рударството, просечно едвај 0,1 проценти. Таа тенденција останува и во 2015. Во целина, структурата на тие претпријатија по економските сектори останува споредбено стабилна во текот на односниот петгодипен период.

Во истото време, најголем е бројот на новоотворени фирми кои не ангажирале работна рака. Во групата „нула вработени“ во текот на 2015 спаѓаат 25,516 нови фирми, по нив следува групата со „1 до 4 вработени“ – 13,381. Истата година, бројот на оние фирми со 10 и повеќе работени изнесува само е само 515.

Опстанати фирми

Од сите отворени претпријатија во 2014 година, 80,8 оптсануваат и една година подоцна, а во групата со „10 и повеќе вработени“ нивното учество е 90,2 проценти. Во 2014, бројот на новоотворени фирми е 39,333, а од нив 31,779 опстанале успешно во 2015 година. Највисок е делот на преживеаните фирми во секторот „Ј“ – „Создавање и дистрибуција на информации и авторски производи; телекомуникации“ – 88,8 проценти, а најнизок во секторот „И“ – „Работа со недвижен имот“ – 67,2 проценти.

Од 2010 година, како минува времето од нивното отворање, се забележува тенденција на намалување на бројот на опстанати фирми и за четириоте групи претпријатија според бројот на вранотените во нив.

Делот на фирмите кои се отворени во 2010, се уште се активни пет години подоцна – во 2015, е 4,8 проценти. Најдоходовни се претријатија од секторот „Д“ – „Производство и дистрибуција на електрична и топлинска енергија и на гасови горива“, каде делот на единиците кои опстанале во петгодишниот период е 10,5 проценти. Тој показател е најмал за претпријатијата од секторот „Б“ – Рударство“ – 3 проценти.

Вкупниот број на вработени во фирмите кои се отворени во 2014 и опстабале во 2015 во разгледуваните тринаесет сектори е 90,572 лица. Во три сектори се концентрирани 64,1 проценти од сите вработени: „Г“ – Трговија, сервис на автомобили и мотоцикли – 37,1 проценти; „С“ – Преработувачка индустрија – 15,4 проценти; и „И“ – „Хотелиерство и ресторанство“ – 11,6 проценти.

Во 2015, распределеноста на вработувањата во тие претпријатија е: група „од 1– 4 вработени“ – 36,5 проценти; група „нула вработени“ – 27 проценти; група „10 и повеќе вранотени“ – 26,6 проценти; група „5-9 вработени“ – 10 проценти.

Замрени компании

Податоците на затворените компании во текот на 2014 се прелиминарни, што се должи на специфичната методологија за нивно определување, посочуваат од НСИ. Во 2014 затвориле 34,518 претпријатија, или 10,4 проценти од бројот на активните фирми во истата година, од што као резултат работните места ги загубиле 2,9 проценти од вработените во текот на годината.

Во истата 2014, 45,4 од замрените претпријатија се класифицирани во секторот „Г“ – „Трговија, сервисирање на автомобили и мотоцикли“.

Најдоходовни биле претпријатијата од секторот „Б“ – „Риударство“, „Е“ – „Дисрибуција на вода, тканализациски услуги, управување со отпадоци и депонирање“; и „Д“ – „Производство и дистрибуција на електрична и топлинска енергија и гасови горива“, со оглед на тоа што кај нив бројот на замрени фирми е под еден процент.

Слични содржини